Брзото заспивање по сексот е резултат на желбата за блискост и опуштеност. Жените и мажите подеднакво први “потонуваат во сон” брзо после сексот.
Погрешно е толкувањето дека тоа е знак за незаинтересираност и недостаток на романтика од парнерот. Всушност, со тој чин тој потврдува дека е вистински заљубен, а ова го тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген и Колеџот од Алберта.
“Би можело да се каже дека колку побрзо партнерот потоне во сон после сексот, толку тој е поопуштен и има поголема желба за продлабочување на врската”, вели лидерот на истражувачкиот тим, д-р Даниел Кругер.
Овој заклучок научниците го добиле спроведувајќи анонимна студија која опфатила 500 луѓе, и во која се зборува за нивното однесување пред и после сексот и колку се задоволни од самиот секс.
И покрај стереотипите дека мажите први заспиваат после сексот, научниците утврдиле дека и мажите и жените поеднакво брзо “потонуваат во сон” по сексуалните односи.
Според Сари Купер, експерт за врски и сексуалност од Центарот за љубов и секс во Њујорк, најголемиот орган од човечкото тело е кожата, а основниот нагон на човекот е контактот кожа на кожа и за многумина тој контакт делува смирувачки и сакано. Таа ова го тврди според искуството што го има како терапевт за сексуална терапија, индивидуална терапија и терапија за партнери.
Исто така, Купер напоменува дека таканаречената лажица положба (spoon position) е одлична алтернатива за луѓето кои имаат проблем со воспоставување контакт очи во очи после сексот. Позицијата е таква што двата партнера лежат на страна еден зад друг залепени и остваруваат тотален контакт кожа со кожа. Ваквата положба ја отсликува нивната блискост и љубов.
Во таа положба телото полека се смирува и се синхронизира дишењето на партнерите. Делува многу релаксирачки и притоа се ослободува окситоцин, хормон и невротрансмитер за кој научниците тврдат дека е одговорен за чувството на поврзаност и сексуална возбуда.
Затоа да го срушиме невистинитото мислење дека брзото заспивање после секс е погрешно.