Што ако партнерот ви каже дека му треба простор

 

Луѓето се суштества што сакаат да експериментираат, да истражуваат и да запознаваат.

Доколку понекогаш интересите и афинитетите не ви се поклопуваат со тие на партнерот, не мора да значи дека врската има проблем. Едноставно седнете и поразговарајте како сето тоа да го усогласите.

Не секогаш изјавата на еден од партнерите дека му треба малку простор значи дека треба да се смрзнете од страв и да почнете да се прашувате дали  односот ви се лади и дали партнерот престанал да ве сака.

Според Артур Арон, професор на Универзитетот Stony Brook во Њујорк, ваквите изјави се нормална појава и нема место за грижа. Луѓето бараат малку простор од повеќе причини и не сите се лоши. Давањето простор за себе во врската може да биде и здраво.

“Всушност, тоа е добро за врската, бидејќи така го продлабочувате односот, внесувате промени, ја елиминирате монотонијата и во врската внесувате нови работи што сте ги спознале”, појаснува Артур Арон.

Можеби вашиот партнер се чувствува изгубено, или е во фаза на истражување, или пак некои луѓе едноставно имаат потреба од време само за себе.

Разговарајте ако забележите дека вашиот партер се гуши во врската или пак тоа го чувствувате кај себе.

Не го толкувајте овој сигнал погрешно.

 

Копирањето на содржината е забрането!