Шпански рецепт за ориз

 

Потребни состојки:

2 лажици масло (или путер)

2 лажици исечкан кромид

1 1/2 чаша бел ориз

2 чаши пилешки бујон

1 чаша салца со ситни парчиња патлиџан

Начин на подготовка:

  1. Во тавче загрејте го маслото на средна температура. Во него пржете го кромидот додека да омекне, околу пет минути.
  2. Додајте го оризот и мешајте постојано додека да добие светлокафеава боја.
  3. Потоа додајте ги пилешкиот бујон и салцата, намалете ја температурата, покријте го тавчето со капак и оставете го да крчка околу 20 минути, додека да се апсорбира течноста.
  4. Оризот послужете го додека е топол, декориран со ситно сечкан магдонос.

На здравје!

 

Копирањето на содржината е забрането!