Шпагети со топчиња од месо

 

Потребни состојки:

450 г шпагети, сварени според упатството и исцедени од водата

Топчиња од месо:

450 г мелено говедско месо

1/3 чаша лебни трошки

1/4 чаша ситно насечкан магдонос

1/4 чаша рендан пармезан, плус за декорација

1 јајце

2 чешниња лук ситно исечкан

сол

1/2 лажичка буковец

2 лажици маслиново масло

Сос:

1/2 чаша ситно исечкан кромид

700-800 г пире од домати

1 ловоров лист

сол и мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги меленото месо, лебните трошки, магдоносот, пармезанот, јајцето, лукот, една лажичка сол и буковецот. Измешајте да се соединат сите состојки и од смесата со раце формирајте 16 топчиња.
  2. Топчињата од месо пржете ги во тавче на средна температура во зејтин околу 10 минути, со вртење за да се испржат од сите страни. Потоа префрлете ги во сад на страна.
  3. Во тавчето ставете го кромидот и пржете го околу пет минути, додека да омекне. Додајте ги доматното пире и ловоровиот лист. Зачинете со сол и бибер и откако ќе почне да крчка во тавчето ставете ги испржените точиња, поклопете го тавчето со капак и оставете го да крчка 8-10 минути, додека да се згусти сосот.
  4. Шпагетите сервирајте ги со неколку топчиња од месо и сос, додека се топли. Одозгора наросете 1-2 лажици рендан пармезан и декорирајте со ситно сечкан магдонос.

На здравје!

 

Don`t copy text!