Веќе подолг период од Шкода ги држат љубителите на тивок оган со информации за претстојниот автосаем во Женева.
Иако уште минатата година го лансираа Kamiq на кинескиот пазар, европската верзија на најмалиот СУВ ќе биде сосема друга приказна.
Овој пат Шкода со официјална фотографија ја претстави внатрешноста на нивниот најмал нов СУВ Kamiq.
Внатрешноста е слична како и на моделот Scala со мали додатоци кои ќе го разликуваат Kamiq, и тоа екран осетлив на допир со големина од 10,25 инчи, лед светла, амбиентално осветлување, греење на управувачот, греење на предните и на задните седишта, како и греење на ветробранското стакло. Се очекува Kamiq да доаѓа со богат пакет додатна опрема, но за тоа останува да почекаме Шкода да ги објави официјалните податоци.