Речиси секоја жена во светот сака долга и убаво негувана коса. Косата месечно расте околу 0,8 сантиметри. Ако сакате растот на косата да го забрзате и притоа таа да биде убава и негувана, следете ги овие шест совети.
- Јадете умно. За да имате убава и здрава коса, пред сè треба да се храните здраво. Мишел Блесур, која се занимава со производство на препарати за коса, советува консумирање на храна која е полна со здрави масти, како авокадото. Во храната додајте многу протеини и здрави маснотии како маслиново масло и омега-3 масни киселини. Блесур препорачува храна како лосос, авокадо, јаткасти производи, овошје и зеленчук.
- Користете шампон и регенератор. Сите оние кои сакаат убава и нежна коса треба да користат шампон и регенератор за дополнителен волумен, со што ќе ја направат косата бујна и сјајна. Оваа комбинација треба особено да ја применуваат лицата со кадрава коса.
- Не ја мијте косата многу често. Премногу честото миење може да ѝ наштети на косата. Фризерите велат дека тоа е најголемата грешка што ја прават нивните клиенти. Оптимално е косата да се измие 3 пати неделно.
- Негувајте го темето на косата. Прекумерното користење на хемикалии и производи за нега можат агресивно да делуваат на вашето теме. Исто така, прекумерното користење на сода бикарбона ја нарушува нормалната PH вредност на влакното. Избегнувајте лак за коса, но и сите препарати што оставаат траг на косата и ја прават безживотна и без сјај. Избегнувајте сè што има висока PH вредност. Освен тоа, за вашето теме е делотворно и масирање на косата и на кожата на главата, со што ќе го активирате крвотокот, а со тоа ќе ја зголемите размената на кислород и ќе добиете здраво теме.
- Витамини за коса. Фризерите советуваат доколку наеднаш почне да ви паѓа косата, да почнете со пиење на мултивитамини. Многу често мултивитамините им се потребни на организмот и на косата за да бидат здрави.
- Заборавете ја пеглата за коса. Ако сакате здрава коса, тогаш дефинитивно мора да заборавите на пеглата со која го исправате влакното. Почесто четкајте ја косата.