Сцена

Шарлиз Терон го привлече целото внимание менувајќи го својот изглед

Една од најубавите холивудски актерки, Шарлиз Терон, низ годините покажа дека експериментирањето со фризури не ѝ е туѓо, а сега со една таква промена го привлече вниманието на јавноста на гала настан во Африка.

Шарлиз се одлучи за малку похрабар изглед од платинесто русокоса убавица, а појавувајќи се на настанот Africa Outreach Project со црна фризура до рамениците и шишки, сите погледи беа вперени во неа.

Актерката се прошета во лежерно издание, облечена во фармерки и бела кошула кои ги надополни со едноставни парчиња сребрен накит и црни салонки.

Познатата оскаровка низ годините прикажуваше различни изданија, од пробување на разни перики до бричење на главата, сепак, иако црното ѝ стои одлично, таа е најпрепознатлива како занесна русокоса.

Во интервју за Vogue, Терон откри дека никогаш не ѝ било жал за својата коса.

“Мислам дека не сум храбра кога станува збор за модата, сакам класични работи. Но поради некоја причина не сум била толку воздржана со косата. Не сум приврзана за неа – возбудена сум што ќе направам нешто различно и секогаш мислам дека, дури и ако не ми се допаѓа, повторно ќе порасне“, рече тогаш таа и додаде дека зад големите промени стојат најмногу улогите на кои работи.

Шарлиз е една од најплатените холивудски актерки, а добитник е и на бројни награди и признанија, меѓу кои и она на магазинот Тајмс за 100-те највлијателни луѓе во светот.

Што се однесува до приватниот живот, таа го чува во тајност, а мајка е на две деца кои ги посвои.

Можеби ќе ве интересира

Со своите 56 години Деми Мур позираше гола за магазинот Harper’s Bazaar

Biba

Каја Гербер, вистинска наследничка на својата мајка

admin

Мама миа! – Оскаровски бакнеж

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.