Здравје

Чоколадото како лек за кашлање, астма и висок крвен притисок

Истражување што го направиле на Кралскиот колеџ во Лондон покажало дека чоколадото влијае благотворно на нервниот систем, благодарение на теоброминот, фенилетиламинот и флавоноидите. Овие состојки го поправаат расположението затоа што можат да ги избалансираат ниските концентрации на допамин и серотонин во мозокот.

Теоброминот, исто така, може да помогне и ако имате хронична кашлица, а и кожата ја штити од штетното УВ зрачење.

Колку е чоколадото добро за здравјето зборува и фактот што некои лекари го препишуваат како лек. Така, некои лекари го препорачуваат како лек за висок притисок, а африканскиот лекар Кваку Адаи за едно медицинско списание опишал дека препишува пет шољички топло чоколадо како заштита од маларија.

Има и случаи во кои лекарите го даваат чоколадото на пациенти кои боледуваат од астма и на оние кои имаат проблеми со изострувањето на видот.

Професорката Донатела Липи од Универзитетот на Фиренца, ја проучувала историјата на чоколадото и утврдила дека уште од 16 век лекарите го препишувале чоколадото како лек против лошо расположение, но и како помош за здравствени проблеми поврзани со црниот дроб и со бубрезите.

Слични написи

Што се случува кога комбинираме кафе со алкохол

admin

Бета-глуканите го подобруваат имунитетот

dart

Алтернативни начини за намалување на киселините во желудникот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.