Чоколадни топчиња со лешници

 

Потребни состојки:

2 лажици какао во прав

1 чаша лешници

10 урми

1 лажица сусам

1 лажичка екстракт од ванила

1/8 лажичка сол

1/4 чаша мелени лешници за валкање

Начин на подготовка:

  1. Урмите исчистете ги од семките и ставете ги да киснат во топла вода 10-15 минути. Потоа исцедете ги, а водата зачувајте ја.
  2. Сите состојки измешајте ги заедно (освен мелените лешници за валкање на топчињата) во процесор за храна или блендер, да добиете мазна смеса. Смесата треба да биде леплива и доволна цврста за да може да се формираат топчиња. Ако е многу сува, додајте од водата во која се киснеа урмите.
  3. Од смесата вадете со лажица и формирајте топчиња. Секое топче извалкајте го во мелените лешници и истресете го вишокот. Топчињата ставете ги на послужавник или во кутија во фрижидер да се стврднат. Можат да се чуваат и во замрзнувач до три месеци.

На здравје!

 

 

Забрането е копирање на текстот!