Потребни состојки:
1 пакување обланди
Фил:
500 мл вода
700 г шеќер
250 г маргарин на собна температура
1 ванилин шеќер
500 г мелени бисквити
3 лажици какао (или 1 чоколадо за готвење)
200 г мелени ореви
Начин на подготовка:
- Во тенџере на средна температура ставете ги водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот. Мешајте додека сè да се стопи и проврие смесата и тргнете го тенџерето настрана за малку да се олади.
- Потоа додајте ги бисквитите измешани со какаото (или стопеното чоколадо) и оревите. Измешајте сè заедно, да добиете хомогена смеса.
- Кога оваа смеса ќе се олади и ќе биде млака, наредете ги обландите: во тепсија или на послужавник ставете еден лист обланда, премачкајте ја со фил, врз филот ставете уште едно парче обланда, па фил, и така додека да ги потрошите обландите. Треба да завршите со лист обланда.
- Може, но и не мора, врз последниот лист обланда да излеете стопено чоколадо и да ја декорирате обландата со сечкани ореви.
На здравје!