Потребни состојки:
2 јаболка по ваш избор
сок од лимон
цимет во прав
Начин на подготовка:
- Јаболката измијте ги убаво, исушете ги и издлабете ја средината од семките.
- Пресечете ги јаболката на кругови со дебелина 1-2 мм. Намачкајте ги со сок од лимон и наросете ги со цимет.
- Круговите јаболка наредете ги во тава на хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 140-160 степени Целзиусови. По вкус, пред печењето можете да ги наросите и со шеќер.
- Откако ќе се испечат (да добијат златножолта боја и да се исушат) оставете ги целосно да се оладат и чувајте ги во тегла убаво затворени до една недела.
На здравје!