Гастрономија

Хранливо и вкусно зелено смуди

 

Денот започнете го со вкусно смуди, во кое ќе искомбинирате слатко овошје со хранлив спанаќ и авокадо за дневна доза калциум, витамин Ц, фолна киселина (витамин Б9) и растителни влакна.

Потребни состојки:

160 г измиени и исчистени јагоди

160 г млад спанаќ

1 мало авокадо, издлабено

150 мл јогурт

исцеден сок од 2 мали портокали

малку изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и блендајте додека да добиете потполно мазна смеса.
  2. Ако ви е многу густо, додајте ладна вода до посакуваната густина.
  3. Сервирајте го смудито во две чаши и испијте го веднаш.

На здравје!

 

Слични написи

Орео мафини

Biba

Макарони во сос од печурки

Biba

Освежителна лимонада со лубеница

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.