Љубов и секс

Храна што ја уништува желбата за секс

 

Сте се чувствувале ли некогаш мрзливо и “бавно” по завршување на оброкот? Недостатокот на желбата за секс може да биде резултат на она што сте го јаделе. Во овие два написи пишувавме за најголемите афродизијаци во кујната и за продукти што ја зајакнуваат ерекцијата, а сега ќе се задржиме на храната што го саботира вашиот сексуален живот.

Ниското либидо може да биде резултат на низа фактори, вклучувајќи психолошки, социолошки и хормонални влијанија. Често пати, главни виновници се антидепресивите, стресот, одредени лекови и алкохолот. Кај мажите голема улога игра ниското ниво на тестостерон, а кај жените сличен ефект имаат хормоналните промени.

Пушењето, заедно со сите други страшни здравствени ефекти што ги носи, може исто така и да ја ослаби сексуалната желба и задоволството, посебно кај мажите. “Пушењето има директно негативно влијание врз сексуалноста кај мажите на секое ниво”, вели Панајотис Завос, биолог од Универзитетот на Кентаки. Менувањето на лошите навики, како што се пушењето и претераното пиење алкохол, ќе го подобри не само целокупното здравје, туку несомнено ќе придонесе и за подобро сексуално здравје.

Според медицинскиот нутриционист Кори Шулер од Центарот за метаболистички третман во Блумингтон, Минесота, најлошата храна што ја внесува човекот, а која штети на сексуалниот нагон е – премногу храна. Тој смета дека мудрото одбирање на намирниците може да биде многу корисно, без оглед на полот и крвната група на поединецот.

Ова се некои од продуктите што можат да ја намалат желбата за секс:

  • Млечни производи

Сладоледот или сирењето ви е можеби омилениот млечен производ, но ако подоцна сакате да бидете интимни со партнерот, подобро да го прескокнете. Млечната киселина што ја содржат млечните производи може значително да го намали либидото. Продуктите од кравјо млеко можат да бидат преполни со синтетички хормони и да ја нарушат природната продукција на хормони и кај мажите и кај жените. Од друга страна, калциумот е поврзан со подобар сексуален живот, па потрудете се да се снабдите со него на друг начин, на пример преку зелениот листест зеленчук.

 

 

  • Пржена храна

Мрсната храна дефинитивно не е пријател на сексуалниот нагон. Транс мастите од пржената храна драматично го намалуваат и машкото и женското либидо. Освен тоа, предизвикуваат создавање на абнормални сперматозоиди кај мажите и го попречуваат имплантирањето на ембрионот во матката на жената. Најдобро е да ја избегнувате оваа храна, која може да предизвика повеќе сексуални проблеми.

 

 

  • Рафинирани јаглени хидрати

Кои било рафинирани јаглени хидрати, како што се на пример продуктите од бело брашно, се лоша вест за вашата сексуална желба. Тука влегуваат многу видови на тестенини, житни снегулки, некои видови на леб, колачиња, чипс. Големи количини на јаглени хидрати предизвикуваат пад на нивото на тестостерон, а шеќерот во нив предизвикува дебелина. Подобро е овој тип на храна да го замените со добри јаглени хидрати, како што се зеленчукот и житарките од цело зрно.

 

 

  • Чоколадо

Да, чоколадото е афродизијак, но во големи количини може да има спротивен ефект. Иако фенилетиламинот од чоколадото ослободува ендорфин, некои сметаат дека може да го намали нивото на тестостерон. Метилксантинот од чоколадото ја прави кожата осетлива на допир, но исто така може да предизвика и летаргија. “Повеќето луѓе мислат дека чоколадото е афродизијак, но некои од моите женски пациенти чоколадото ги прави уморни и привремено им ја намалува сексуалната желба”, вели д-р Френ Волфиш, психотерапевт.

  • Пуканки од микробранова печка

Тивка вечер помината со филм може да биде претходник на интимна ноќ со партнерот, но направете си услуга и прескокнете ги пуканките од микро-печка. Според една студија од 2009 година, ќесето во кое се спакувани пуканките содржи состојки кои значително го намалуваат бројот на сперматозоиди. Овие хемикалии го намалуваат и либидото, па затоа е најдобро пуканките да си ги направите сами, на стариот добар начин во тенџере на шпорет.

 

 

  • Слатки десерти

Сигурно сте слушнале за изразот “ми падна шеќерот”, а тоа е последно нешто што сакате да ви се случи ако очекувате ноќ полна со интимност. По јадењето благо нивото на шеќер во крвта и енергијата нагло растат, а потоа драматично паѓаат предизвикувајќи вртоглавица, волчја глад и зашеметеност. Во вакви услови разбирливо е ако сексот е последното нешто што ви паѓа на памет. И процесираните печени намирници содржат транс масти кои го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и го намалуваат либидото.

 

 

  • Ментол

Пеперминтот го освежува здивот, но го намалува нивото на тестостерон, а со тоа и либидото. Чајот од нане е подобра опција за освежување на здивот затоа што содржи пониско ниво на ментол, а може да се обидете и со други природни состојки.

 

 

  • Газирани пијалаци

Освен што предизвикуваат зависност и се штетни за вашето тело на секаков можен начин, газираните сокови можат да ви го уништат и сексуалниот живот. Главен виновник за тоа се вештачките засладувачи во сокот. Секоја храна што ја консумирате, која содржи вештачки засладувачи како што е аспартамот, влијае на нивото на серотонин, кој има клучна улога во сексуалното уживање.

 

 

Слични написи

На која возраст жените доживуваат најмногу оргазми

Biba

Сексот по четириесеттата

Biba

Проблем број еден во секоја врска

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.