Храна која треба да ја избегнувате ако страдате од депресија или анксиозност

 

Прочитајте кои типови храна можат да ги влошат симптомите на депресија и на анксиозност, а кои да ги намалат.

Овошен сок. Растителните влакна од исцедениот овошен сок можат да ве наполнат и да го успорат начинот на кој крвта ја искористува енергијата. Но без тие влакна, пиете блага вода богата со нутриенти која може нагло да ви го подигне нивото на енергија, и потоа исто така нагло да го спушти. Заради ваквиот пад на шеќерот во крвта ќе се чувствувате лути и ќе бидете гладни, што секако нема да ви помогне ако сте депресивни или анксиозни. Затоа, овошјата јадете ги цели (наместо да правите од нив сок), а кога сте жедни пијте вода.

Газиран сок. Газираниот сок не се препорачува никогаш. Содржи енормни количини шеќер и никакви хранливи материи. Силно засладените пијалаци се директно поврзани со депресија. Ако ви се пие нешто газирано, подобро напијте се минерална вода. А ако сакате нешто газирано и слатко, во минералната вода додајте овошен сок. Тоа ќе ви ја задоволи потребата за газирано и благо, без непотребните додатоци од газираните сокови.

Диетален сок. Диеталните сокови можеби не содржат шеќери, но затоа имаат огромни количества кофеин кои можат да ги влошат симптомите на анксиозност и на депресија.

Бел леб. Процесираното бело брашно од кој е направен лебот, во крвта брзо се претвора во шеќер. Тоа може да предизвика брзи скокови и падови на енергијата, што е лошо ако страдате од анксиозност или од депресија. Многу е подобро наместо бел, да јадете леб од житарки со цело зрно.

Преливи за салати. Купечките пакувани преливи и сосови за салати треба да ги избегнувате, затоа што се преполни со шеќери. Но што е со преливите на кои е нагласено дека се без шеќер? Многу од нив содржат аспартам – вештачки засладувач кој се поврзува со депресија и со анскиозност. Кога купувате вакви преливи, проверете го составот на пакувањето или уште подобро, направете си сос или прелив за салата сами.

Кечап. Ќе си речете – што има лошо во кечапот, тоа е патлиџан. И тоа е точно, но освен домати, кечапот содржи и големи количини шеќер. Поточно, во една лажица кечап има речиси една мала лажичка шеќер. Внимавајте и на вештачките засладувачи кои ги содржи кечапот, затоа што некои од нив се поврзуваат со депресија. Најдобро е да си направите домашна салца од свежи патлиџани, која можете да ја  зачините по ваш вкус.

Кафе. Ако немате обичај секојдневно да пиете кафе, може да ви предизвика немир и нервоза, а освен тоа, може да ви го наруши и спиењето. Ниту едното ниту другото нема да ви помогнат ако страдате од депресија или од анскиозност. Ако мислите дека кофеинот ви прави проблеми, полека и постепено намалувајте го неговиот внес додека целосно не престанете да го консумирате. Ако можете да пиете бескофеинско кафе, тоа може дури и да ги намали симптомите на депресија.

Енергетски пијалаци. Можат да предизвикаат анксиозност, тахикардии и неправилна работа на срцето, и да го нарушат спиењето. Ова се случува заради енормните количини кофеин кои обично ги содржат енергетските напитоци. Освен тоа, содржат и големи количини шеќер и вештачки засладувачи. Ако сте жедни – напијте се вода. Ако ви се јаде нешто благо – земете овошје.

Алкохол. Дури и во мали количини може да ви го наруши спиењето. Ако не сте доволно одморени и наспани, тоа може да ги влоши симптомите на анскиозност и да предизвика развој на депресија. Премногу спиење исто така не чини. Еден алкохолен пијалак може да ве смири и орасположи, но сè што е повеќе од една голтка може само да ви наштети. Не мора да напоменуваме дека ако примате некаква терапија, алкохолот е строго забранет затоа што го намалува дејството на лековите.

Транс масти. Транс мастите или хидрогенизираните масти кои ги има во пржената храна, пиците, колачињата, тортите, маргаринот, грицките, се поврзуваат со депресија. Проверувајте го составот на амбалажата кога купувате пакувана храна. Ако сакате да изедете нешто масно, јадете риба, ореви, јаткасти плодови, маслиново масло, кои ќе ви го подобрат расположението.

Процесирана храна (junk food). Има поголеми шанси да бидете анскиозни и депресивни ако јадете многу преработена храна: салами, пржени јадења, преработени житарки, бели печива, млечни намирници со високо ниво на масти. Исхрана богата со житарки од цело зрно, овошје, зеленчук и риба ќе ви го стабилизира расположението и ќе ве смири.

Која храна ќе ви го подобри расположението?

Млеко – богато е со витамин Д за кој е докажано дека ја намалува депресијата.

Мисиркино и пилешко месо – содржи триптофан од кој телото создава серотонин.

Бразилски оревчиња, семки од сончоглед, кафеав ориз, морска храна – ова е храна богата со селен.

Моркови, тиква, спанаќ, сладок компир – богати се со бета каротен.

Намирници богати со витамин Б12 – посно говедско месо, јајца, млеко.

Листест зеленчук, леќа, аспарагус – богати се со фолати кои штитат од депресија.

Лосос – содржи омега-3 масни киселини кои го подобруваат расположението.

 

Don`t copy text!