Храна која ги чисти артериите од маснотии

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Авокадо. Секојдневното јадење авокадо за една недела го намалува нивото на холестерол за 17%. Авокадото го намалува нивото на лошиот холртерол, а го зголемува нивото на добриот холестерол.

Житарки од цело зрно. Растворливите влакна кои се наоѓаат во некои житарки како што се овесните снегулки, го регулираат нивото на вкупниот холестерол во крвта и го намалуваат ризикот од болести на срцето. Овесните снегулки најчесто се јадат за време на доручек, но можете да ги консумирате во кој било дел од денот и да ги додавате во речиси сите јадења.

Маслиново масло. Според едно истражување, лицата постари од 65 години кои секојдневно консумираат маслиново масло имаат дури 41% помалку шанси за доживеат срцев удар.

Куркума. Овој зачин има моќни противвоспалителни својства. Содржи куркумин кој ги намалува хроничните воспаленија во телото, што е главна причина за артериосклероза. Според истражувањата, куркуминот за 26% го намалува ризикот од таложење на маснотии во артериите.

Јаткасти плодови. Јаткастите плодови се идеална ужинка или кога сакате нешто да грицкате. Сите јаткасти плодови се здрави. Бадемите се одличен извор на витамин Е и влакна, а оревите се меѓу најдобрите извори на омега 3 масни киселини кои го намалуваат нивото на лошиот холестерол во крвта и го намалуваат ризикот од болести на срцето.

Масна риба. Масните видови риба како што е лососот, туната и сардината, содржат големи количини на омега 3 масти. Експертите препорачуваат два пати неделно да се јаде масна риба за да се намали ризикот од болести на срцето. Масните риби ги намалуваат воспалителните процеси во телото, го намалуваат нивото на триглицериди и го зголемуваат нивото на добриот холестерол.

Брокула. Богата е со витамин К кој е потребен за формирање на коските и го спречува калциумот да ги оштетува артериите. Брокулата е исто така одличен извор на влакна, а многу истражувања покажуваат дека влакната го регулираат крвниот притисок и холестеролот.

Цимет. Само една лажичка цимет дневно може да го намали таложењето на маснотии во крвните садови и на тој начин да го намали ризикот од собирање на плак во артериите. Исто така, го намалува и нивото на лошиот холестерол во крвта.

Зелен чај. Одличен извор на катехини, соединенија кои го намалуваат холестеролот. Зелениот чај придонесува за здравјето на срцето така што го намалува ризикот од дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, може да го намали и ризикот од настанување на некои видови канцер.

Спанаќ. Заради високите нивоа на калиум и фолна киселина, спанаќот ефикасно го регулира крвниот притисок. Една порција спанаќ дневно го намалува ризикот од срцев удар за 11%. Спанаќот, како и другите видови на зелен лиснат зеленчук треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.