Хали Бери ќе му се придружи на Марк Валберг на снимањето на новиот филм на Нетфликс „Нашиот човек од Њу Џерси“, во кој двајцата ќе ги толкуваат главните улоги.
Валберг ќе работи и на продукција на филмот заедно со Стивен Левинсон. Сценариото за филмот го потпишува Дејвид Гугенхајм.
Деталите за заплетот на филмот сè уште не се откриени во јавноста, но се вели дека ова достигнување ја носи приказната за шпионите.
Новиот проект дополнително ќе ги „продлабочи“ односите на Хали Бери со Нетфликс, кој неодамна го откупи нејзиното режисерско деби „Модринка“ и го прикажува на својата платформа.