Дел од ирската музичка група U2, Боно и Еџ, по повод божиќните празници исполнија неколку од своите популарни песни за бездомниците од Даблин. Тој ги повика и граѓаните на Даблин да му се придружат и да донираат средства за згрижување на бездомниците. Парите што беа собрани од овој настан беа предадени на хуманитарната организација Симон Комјунити.
Во целата манифестација учествуваа и други ирски рок групи, а настанот беше организиран од основачот на рок групата The Frames.
Според податоците, во Ирска има речиси 10.000 бездомници. Организаторите велат дека и покрај силната ирска економија, нема доволно домови што би можеле да се користат за сместување на бездомниците и дека цените на кириите драстично почнале да се зголемуваат.