Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Фрапе од банана и аронија

  •  
  •  

 

Потребни состојки:

2 банани исечени на парчиња

6 бисквити крупно искршени

3-4 лажици аронија (може и смрзната)

1 лажица ленено семе

500 мл млеко од фрижидер

Од оваа количина излегуваат две чаши фрапе.

Начин на подготовка:

  1. Бананите, бисквитите, аронијата, лененото семе и половина од млекото ставете ги во сад за рачен блендер. Изблендајте додека да се сомелат овошјето, бисквитите и лененото семе, да добиете еднолична каша.
  2. Додајте го остатокот од млекото и повторно изблендајте да се изедначи смесата.
  3. Фрапето послужете го додека е ладно, за да ве освежи и да ви ја врати енергијата.

На здравје!