По денешниот натпревар за третото место на СП во ракомет помеѓу Франција и Германија, дома со бронзен медал си оди репрезентацијата на Франција.
Во мечот исполнет со неизвесност, Геманците започнаа со многу поквалитетна игра за разлика од Французите и првото полувреме го завршија со 4 гола предност, со резултат 13:9.
Мистерија е како репрезентација која отсекогаш го вложувала максимумот во текот на целиот натпревар, до последната секунда, успеа да прокоцка толкава предност, да прокоцка бронзен медал и да ги разочара своите навивачи.
На почетокот од второто полувреме Франција успеа да се консолидира, да ја намали разликата во однос на Германија, и во последните десетина минути да дојде до резултатска еднаквост и да игра до крајот на натпреварот со гол за гол.
Последните минути од натпреварот беше игра на нерви, во случајов Французите беа посмирени и успеаја во последниот момент со голот на Карабатиќ да дојдат до бронзениот медал, со резултат 25:26.