11.8 C
Скопје
25 февруари 2024
Здравје

Фотофобија – осетливост на светлина

 

Накратко, фотофобијата претставува иритација на очите од интензивна светлина. Често не е поврзана со некоја болест, но може да биде и симптом за некое заболување. Тешкиот облик на фотофобија вклучува големи проблеми со очите и јаки болки дури и на мала светлина. На лицата што страдаат од фотофобија од сонцето, дневната светлина и светлите простории им предизвикуваат мижење и главоболки, и буквално не можат да ги држат очите отворени.

Луѓето со посветла боја на очите можат да бидат поосетливи во средина со силна сончева светлина, затоа што го немаат пигментот кој го имаат луѓето со потемна боја на очите, кој заштитува од силната светлина.

  • Предизвикувачи на фотофобија

– Продолжено носење на контактни леќи, несоодветни леќи и леќи со слаб квалитет

– Долготрајно користење на компјутер и гледање телевизија

– Болести како глауком, катаракта, увеитис, менингитис, конјуктивитис

– Повреди и инфекции на окото, абразија на рожницата

– Мигрена

– Изложување на јаки извори на светлина без заштитни очила

– Лекови

– Некои дијагностички тестови

Најдобар третман за фотофобијата е да се третира причината која стои зад неа. Кога ќе се отстрани факторот што предизвикува осетливост на светлина, во многу случаи фотофобијата исчезнува. Ако пиете лекови кои ви предизвикуваат осетливост на светло, зборувајте со вашиот лекар да ви ги замени со други.

Ако сте природно осетливи на светло, избегнувајте изложување на силна сончева светлина и други извори на остра и груба светлина. Кога излегувате на дневна светлина носете шешири со широк обод и очила за сонце со УВ заштита.

 

Слични написи

Утро без стрес и поголема продуктивност

Biba

Колку се штетни газираните сокови

Biba

Трчањето може да ви го продолжи животот и до шест години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.