Забава

Фондот за награди на гејминг турнирот за Dota 2 поголем од 30 милиони долари

 

Дека онлајн гејмингот мoже да биде исплатлив е и примерот со светскиот турнир на Dota 2. Наградниот фонд за ова интернационално натпреварување е поголем од 30 милиони долари.

Интернационалниот турнир на Dota 2 оваа година ќе се одржи по деветти пат. Минатата година овој турнир се одржа во Ванкувер и неговиот награден фонд беше 25,5 милиони долари.

Со новиот рекорден фонд поголем од 30 милиони долари “The international” останува најголемотo e-sport случување на светот.

 

 

Конкурентската компанија Epic, минатата година одвои 100 милиони долари за да ја одржи играта Fortnite на ниво на Dota 2, а таа сума ја вклучува и сумата од 30 милиони долари за награди на овогодинешото натпреварување на Fortnite, кое ќе се одржи во Њујорк од 26 до 28 јули.

“The international” ќе започне на 20 август во Шангај.

 

Слични написи

Какви се во кревет хороскопските знаци

Biba

Пет занимливости за петок 13

Biba

Факти за човечката крв кои сигурно не сте ги знаеле

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.