Боемска Рапсодија, филмот за животната приказна на Фреди Меркјури, на вчерашното доделување на наградите Златен глобус освои награда за најдобра драма, а Рами Малек доби награда за најдобар актер.
И покрај различните критики што ги имаше филмот во изминатиот период и турбуленциите присутни при снимањето, филмот успеа да ја однесе победата.
Покрај Боемска Рапсодија, награди земаа и филмовите A star is born – кој беше номиниран за пет награди, но доби само една – за најдобра оригинална песна (Shallow), а филмот Green book освои три награди и тоа за најдобар мјузикл, најдобро сценарио и за најдобар спореден актер Mahershala Ali.