Италијанскиот производител на суперавтомобили Ферари, го патентираше управувањето на автомобил со користење на џојстик. Уредот сличен на оној што се наоѓа во авионите, е сместен на десната страна на седиштето на возачот.
Оваа новина беше пријавена во Управата за патенти на САД, а џојстикот ќе има двојна функција – движењето лево и десно ќе го одреди правецот и забрзувањето или забрзувањето на автомобилот напред и назад. Џојстикот и педалите во автомобилот сепак ќе бидат поврзани.
Досега се претставени неколку концептни автомобили кои имаат џојстик наместо волан (Ford FX Atmos од 1954 година, Mercedes F200 Imagination од 1996 година и Сааб Прометеј од 1993 година), но не сме ги виделе во сериско производство. Постојат многу прашања што треба да се решат, а едно од нив е како да се елиминира монотонијата што ќе се појави на долги релации на автопат.
Се разбира, фактот дека Ферари го има патентирано, не значи и дека ќе го видиме во производство.
Пред пет години, Ферари го ја патентираше двоцилиндричната технологија на мотор, но досега не сме ја виделе во производство.