На денешен ден, втори февруари 2004 година, Федерер беше за прв пат прогласен за најдобар тенисер на светот. Цели 15 години тој е во врвот на тенисот.
Швајцарскиот тенисер го има и рекордот на најдолг престој на врвот на АТП листата, дури 310 недели.
Тој е дваесет и третиот тенисер во историјата што се искачил на врвот на тенисот.
Во моментот е шестопласиран, а пред него се Андерсон, Дел Потро, Зверев, Надал и Ѓоковиќ.
Во кариерата има освоено 99 титули, од кои 20 Гренд Слем.
#OnThisDay in 2004 👀
No. 1 at the @AustralianOpen for @rogerfederer 🔥 pic.twitter.com/cSz0qxQdjd
— ATP Tour (@atptour) February 1, 2019