Љубов и секс

Фантазирате ли за еротска масажа?

 

Дали некогаш сте пробале еротска масажа? Прекрасна е, делува релаксирачки, ја буди сексуалната желба.

Не постојат големи трикови и магија. Сè што треба е да ги слушате желбите на вашиот партнер доколку масирате, или да си ги кажувате вашите желби и потреби доколку ве масираат.

  • Во никој случај не се прејадувајте пред масажата. Лесен оброк е сосема доволен. Еротската масажа треба да е благ увод во секс, а премногу храна може да е товар.
  • Идеалната температура за овој тип масажа е 25 степени Целзиусови. И двајцата ќе бидете голи и тешко дека ќе се запали искрата ако се смрзнувате. Ако температурата не е доволно висока, мускулите на партнерот нема да се опуштат, телото ќе биде напнато и нема да ужива во масирањето.
  • Направете атмосфера со пригушување на светлата и користење на перници. Пуштете нежна и релаксирачка музика. Запалете миризлива свеќа и сместете се удобно.
  • Користете природни масла за масажа. Масло од бадем ќе ја заврши работата.
  • Погрижете се да не го изгребете партнерот со прстени, алки или пак со нокти. Не сакате такво нешто да го прекине уживањето.
  • Контролирајте ја јачината на притисокот при масажата. Прилагодете ја масажата според темпото на дишење на партнерот. Бидете нежни.
  • Не мора масажата да ја сведете на користење на професионални движења. Користете бакнежи, милувања, бидете инвентивни.
  • Секогаш масажата почнете ја од грбот. Масажата на грбот секогаш доведува до опуштање на телото. Toa секогаш ќе го опушти вашиот партнер и ќе направи заморот од работата да се претвори во желба за секс.
  • По масажата на грбот полека спуштајте се кон задникот. Задникот е високо ерогено подрачје. Масирајте го полека со благ притисок. Партнерот ќе почувствува само задоволство и опуштање.
  • Масажата на градите и кај мажите и кај жените предизвикува задоволство поради тоа што тој дел се смета за секундарно ерогено подрачје. Кожата во тој дел е многу осетлива на благи допири. Допирањето на таа област индиректно доведува до надразба и на ерогената зона околу гениталиите. Можете благо да ги допирате брадавиците. Нивната стимулација, особено кај жените, може да доведе до оргазам.
  • Спуштете се полека кон гениталната област, со допири и благо масирање го подготвувате партнерот за незаборавно сексуално искуство.

 

Слични написи

Тајната за долг и исполнет сексуален живот

dart

Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?

Biba

Работи кои не треба да ги правите пред или после водење љубов

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.