Здравје

Утврдено е зашто светлината ја влошува мигрената

Познато е дека изложеноста на очите на светлина може да ја засили мигренозната главоболка, а научниците утврдиле дека светлината може да им пречи и на слепите лица. Тие сакале да откријат зашто кај некои лица кои го изгубиле видот, кога страдаат од мигрена исклучително се осетливи на влијанието на светлина. За таа цел, во истражување спроведено во центарот Бет Израел во соработка со Универзитетот Хрвард, тие ги споредиле реакциите кај две групи на слепи лица.

Во првата група од шест пациенти биле лица кои потполно го изгубиле видот заради глауком или рак на мрежницата. Другата група од 14 пациенти ја сочинувале лица кои видот го изгубиле заради дегенеративни промени на мрежницата, но и покрај тоа што се слепи, реагираат на светлина.

“Пациентите од првата група не пријавија засилување на мигрената по изложувањето на светлина, а пациентите од втората група се жалеа на засилена болка откако беа изложени на сина и сива светлина”, објаснува професорот Рами Бурстајн. “Тоа значи дека со механизмот на фотофобија (претерана осетливост на нормално ниво на светлина) можеме да го поврземе оптичкиот нерв кој ја пренесува видната информација од фоторецепторот во мрежницата до мозокот, бидејќи кај потполно слепите лица кои видот го изгубиле заради рак на мрежницата или глауком, тој не го пренесувал светлосниот сигнал до мозокот”, додава тој.

Групата научници смета дека за влошување на мигрената по изложување на светлина се одговорни неодамна откриените клетки на мрежницата кои содржат фоторецептори, а тие пак содржат фотопигмент меланопсин, вид на протеин кој има улога да ја детектира светлината и да управува со биолошкиот часовник.

Хипотезата тестирана на лабораториски глувци се покажала како точна. “Тоа објаснува зашто некои пациенти тврдат дека мигрената им се влошува по изложување на светлина, а се намалува 20-30 минути откако ќе се тргнат во потемна просторија”, објаснува проф. Бурстајн.

Слични написи

Студија открила докази за постоење на микропластика во човечкото тело

Biba

Лековитата магија на валеријаната

Biba

Знаци кои откриваат дека сте спремни за второ дете

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.