Автомобилизам

Уникатот на Lamborghini, моделот SC 18

Следејќи ги стапките на Ferrari за изработка на уникатни модели на свои возила за единствени купувачи, од Lamborghini го презентираа уникатниот модел кој излезе од тркачкиот оддел Scuadra Corse со ознака SC 18.

Зад ознаката SC 18 се крие единствен модел кој е направен по директни спецификации и барања на посебен уникатен купувач и произлегува од одделот за дизајн на тркачки автомобили на Lamborghini.

Тоа е автомобил со прекрасна мешавина на тркачките автомобили Huracan GT3 Evo/Super Trofeo Evo и Aventador. Ќе го придвижува атмосферски V12 мотор со 6,5 литри, кој располага со 770 ks и вртежен момент од 720Nm.

Преносот е на предните и на задните тркала со помош на автоматски менувач со 7 степени на пренос.

Цената и карактеристиките на овој уникатен модел не се објавени.

Слични написи

Нисан го претстави новиот подобрен модел 370 Z Project Clubsport 23

admin

Норвешка е рекордер по бројот на продадени електрични автомобили

Biba

Мерцедес го покажа новиот “experience” центар за тестирање на G-класата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.