Уметник низ стрип ја опишал бременоста на својата жена

 

Уметниците кои воедно се и сопружници, Маја и Јехуда Девир, решиле бременоста на Маја да ја документираат на комичен начин низ стрип.

Овој пар со години многу сегменти од својот брак го прикажуваат низ стрип кој го нарекле “Еден од оние денови”.

Во декември, Јехуда на својот инстаграм-профил објави дека тој и Маја, инаку живеат во Израел, го очекуваат своето прво бебе.

“Тоа се најдобрите вести што некогаш сум ги добил. Ја гушнав Маја најсилно што можев”, рече Јехуда.

Бременоста им создаде многу интересни ситуации кои тие ги преточија во стрип. Јехуда ги црта случките, а Маја се грижи за типографијата и боите.

“Бременоста на Маја нè внесе во ситуации за кои не сме ни размислувале дека некогаш ќе бидеме. Ова е искуство кое нè обликуваше и ни покажа нови аспекти за личноста со која живееме”, изјави Јехуда.

Во текот на бременоста Маја добила акни, константно морала да мокри, имала потреба од храна во секое време.

За патешествието бременост Маја вели дека имала огромна поддршка од сопругот и дека без него не можела да го помине со леснотија.

Приказната за бременоста на Маја и интересните случки прикажани низ стрип може да ја погледнете на нивниот инстаграм-профил.

 

 

Копирањето на содржината е забрането!