Здравје

Ублажете ги главоболките со етерични масла

 

Ако страдате од главоболки на кои не им се знае точната причина, веројатно постојано со себе носите лекови за ублажување на болките и сте во константна потрага по замена на аналгетиците со некаква поздрава варијанта. Добра опција за вас може да бидат етеричните масла, кои имаат силно влијание врз организмот и можат да помогнат со цела низа здравствени проблеми, вклучувајќи ги и главоболките.

Ако се одлучите за терапија со есенцијални масла, секогаш користете фармацевтски чисти и сертифицирани масла кои се малку поскапи од обичните ароматични масла.

За различните типови на главоболка, користете различен тип на ароматично масло:

  • Тензиска главоболка: нане. Според некои истражувања, маслото од нане ја намалува тензиската главоболка (настаната заради недоволно спиење, глад, лошо држење на телото, стрес, пушење, некои видови на храна, алкохол). Помешајте 5 капки етерично масло од нане со 15 капки друго растително масло (кокосово, маслиново, јојоба или некое друго ладно цедено масло) и втријте го во вратот и во рамењата со масирање. Истовремено може и да го вдишувате, така што ќе капнете неколку капки на чисто марамче и ќе го вдишувате 2-3 минути. Овој третман би требало да ја намали главоболката за 10-15 минути.
  • Главоболка предизвикана од стрес: лаванда, темјан, нероли, цитруси. Вдишувањето на етерични масла докажано го смирува ритамот на срцето, го намалува крвниот притисок и нивото на кортизол во крвта, што се симптоми на стрес. Исто така ги ублажува и главоболките предизвикани од стрес. Капнете неколку капки некое од овие масла на марамче и вдишувајте го полека и длабоко. Маслото од нероли е најскапо од наведените, но и најефикасно кај симптомите на стрес.
  • Мигрена: лаванда. Лавандата има многу благотворни ефекти врз организмот, а еден од нив е и ублажувањето на главоболките предизвикани од мигрена. Капнете неколку капки масло од лаванда на марамче и полека вдишувајте го околу 15 минути. Може и да капнете 1 капка масло од лаванда во една лажица крем за лице без мирис и со неа да го масирате челото и образите.
  • Главоболки предизвикани од хормонални промени: гераниум. Промената во нивото на хормоните, посебно падот на естрогенот, може да предизвика чести главоболки кај некои жени. Помешајте една капка масло од гераниум со една лажица некое растително масло и со него масирајте го стомакот со кружни движења. Истовремено може и да вдишувате од маслото преку марамче или да направите купка со 8 капки гераниум во када со вода.
  • Сите останати “неидентификувани” главоболки: мешавина од масла. Ако ве мачи главоболка на која не можете да ѝ го одредите потеклото, а сигурни сте дека не е предизвикана од конкретна болест, направете микс од масла на рузмарин, нане и лаванда. Користете ја како и другите масла, за масажа на главата во комбинација со некое растително масло или со мирисање.

 

Слични написи

Вежбањето во телото го зголемува производството на супстанци слични на канабис

dart

Забите не треба да се мијат веднаш по јадењето

Biba

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.