Кога тјунинг компаниите се решаваат да подобрат некој автомобил, најчесто одат до најситен детаљ. Се менува моторот, се подобрува подвозјето, аеродинамиката.
Во случајов со Honda S2000, таа и со стандардниот мотор има неверојатна моќ. Моделот S2000 го има можеби најдобриот атмосферски бензинец во историјата.
Но Џејсон Шмак, сопственикот на примерокот S2000, решил при тјунирањето да употреби мотор од Acura TL. Тоа е V6 мотор со 3,2 литри и вградил два турбополначи Garrett GT 3576 и после скоро 100 работни часа ја довел S2000 во посакуваната состојба.
Како почнал и како напредувал целиот проект, погледнете во видеото.