Доколку ги прашате астролозите, постојат три хороскопски знаци кои тешко се снаоѓаат со апстиненцијата од секс.
Тоа се скорпијата, стрелецот и близнаците, пишува Bustle. За нив е исто толку тешко да живеат без секс, како и без други форми на интимност или сексуално исполнување. Тешко преживуваат без да се бакнуваат, без нежности, како и без мастурбација.
Близнаците брзо ја губат самоконтролата. Тие се паметни, љубопитни и ги носат тие особини и во кревет. Сакаат флертување, валкани разговори и секс.
Скорпијата е веројатно хороскопскиот знак што најтешко би се воздржал од сексот. Таа обожува забрането овошје. Скорпијата е сексуален знак и припадниците на овој знак се вистинските заводници, бидејќи нив ги води Плутон, кој се занимава со секс и други табу-теми.
Стрелецот сака да се препушти на моментот. Тие се спонтани и забавни, а пред сè страстни. Независни се и имаат тенденција да играат според свои правила. Ако се чувствуваат привлечно, лесно можат да се опуштат и да не размислуваат двапати.