Здравје

Треба ли да се вари свежото млеко?

Свежото млеко е најдобриот избор за здрав хранлив пијалак што изобилува со нутритивни состојки. Свежото млеко збогатено со Д3 витамин од Битолска млекара не е потребно да се вари и како такво ги содржи најхранливите млечни состојки. Свежината и нутритивните вредности се задржани со технолошки процес на бактофугирање, термичка обработка со којашто се отстрануваат дури 99,9 % од присутните микроорганизми, при што млекото целосно ја задржува биолошката и хранлива вредност. Вака спроведената пастеризација на свежото млеко овозможува гаранција за високиот квалитет и безбедност на производот.

Свежото млеко е преферирано токму заради големиот број хранливи материи и како извор на протеини, витамини, минерали, јаглени хидрати, калциум, а масленоста од 3,2 % овозможува сите хранливи состојки и витамини, организмот многу полесно да ги апсорбира. Сите овие состојки и здравствени вредности се зачувани токму при процесот на пастеризација, а покрај тоа, задржан е и изворниот вкус и мирис на свежо млеко.

Затоа, наспроти старите навики за варење на млекото, свежото млеко не треба да се вари, а притоа е безбедно за пиење и ги нуди сите здравствени придобивки при редовна и секојдневна консумација. А што ќе се случи со витаминот Д3 ако го сварите млекото?  Млекото веќе нема да ја има истата хранлива вредност како што ја има доколку се консумира свежо, а со другите хранливи состојки се изгубил и толку потребниот витамин Д.

Свежото битолско млеко има поголема хранливост и енергетска вредност, повкусно е и неговото редовно консумирање обезбедува голем дел од хранливите состојки, витамини и минерали неопходни за децата, за нивниот здрав и правилен раст и развој, но и за повозрасната популација посебно заради збогатеноста со Д3.

Побарувачката на свежо млеко е растечка на светско ниво токму заради ваквите карактеристики и заради брзата и практична подготвеност за консумација. Современата технологија и целокупниот процес на производство на свежото млеко, како и врвните стандарди за безбедност кои ги применува Битолска млекара, се гаранција за квалитетот и безбедноста на млекото.

Слични написи

Поставен нов рекорд за породување по природен пат

admin

Газираните пијалаци го забрзуваат стареењето

Biba

Како трчањето успешно да го замените со одење

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.