Select Page

Тојота ќе оди на Месечината

Тојота ќе оди на Месечината

 

Јапонската компанија за производство на автомобили и други превозни средства Тојота, во соработка со Јапонската вселенска агенција ќе произведе самовозечко ровер возило, кое ќе биде употребено при истражувањето на Месечината во 2029 година.

Се работи за транспортер со шест тркала, кој ќе може да превезува две лица на оддалеченост од 10 000 километри, благодарение на соларна енергија и технологијата на горивни ќелии на Тојота.

Роверот ќе биде со големина како два минибуси, а неговата внатрешност ќе понуди 13 квадратни метри простор во кои без проблем ќе можат да престојуваат астронаутите, ќе можат дури и да ги соблечат своите вселенски одела.

Роверот ќе слета на Месечината пред доаѓањето на експедицијата на астронаутите и ќе патува независно до нивната локација.

Најавата доаѓа во време кога активно се истражува вселената. SpaceX активно се подготвува за своите мисии, а Кина неодамна стана првата земја која ја истражувашe темната страна на Месечината и ги откри плановите за станица за соларна енергија во вселената.

 

https://youtu.be/1kd2nFHAAtU

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.