Тојота го извади на улиците на Европа својот прв самовозечки автомобил

 

Тојота се придружи на сè поголемиот број на производители кои го достигнале нивото на технолошки развој за да презентираат сериски автомобил кој има можност за возење без човечко влијание.

По бројните тестирања на затворени патеки и возење во Јапонија и САД, тојота на патиштата во Европа, поточно на улиците во Брисел, возеше сериски автомобил опремен со систем за самостојно возење.

 

 

Лексус LS во наредните 13 месеци ќе вози низ Брисел по улици што не се многу фреквентни и ќе ја тестира својата опрема.

“Главната цел на овој проект е следење и изучување на непредвидливото човечко однесување и неговото влијание врз системот за автономно управување. Крајната цел на тојота е да се избегнат жртви во сообраќајните несреќи. Заради тоа, клучно е разбирањето на човечкото однесување, за да може системот правилно и правовремено да одговори на сложеноста и разноликоста на населението во големите градови слични на Брисел”, објаснува Џералд Килман, потпретседател за истражување и развој на TME.

Автономниот Лексус LS е возило кое сериски се произведува и се користи на патиштата низ светот, а разликата со тестниот модел е мноштвото на сензори вградени за поддршка. На кровот од тестниот модел поставен е LIDAR, радари, камери и систем за одредување на положбата со голема прецизност. Во автомобилот ќе биде присутен и тестен возач кој може во секој момент да интервенира доколку нешто тргне како што не треба.

 

 

Копирањето на содржината е забрането!