Потребни состојки:
250 г суво грозје
200 мл средно благо или благо шери
150 мл јогурт
150 мл масло
3 јајца
140 г брашно
100 г мелени бадеми
2 лажички прашок за печиво
100 г кафеав шеќер
шеќер во прав за декорација
Начин на подготовка:
- Сувото грозје ставете го во сад, врз него налејте го шерито и оставете го да омекне најмалку 30 минути, да го впие мирисот и вкусот од шерито. Рерната загрејте ја на 180 степени Целзиусови. Тавчето за печење намачкајте го со масло и врз него ставете хартија за печење.
- Сувите состојки измешајте ги заедно во сад.
- Со жица за матење во друг сад измешајте ги јогуртот, маслото и јајцата и оваа смеса истурете ја врз сувите состојки. Мешајте додека добиете еднолична мазна мешавина.
- Половина од сувото грозје додајте го во смесата. Измешајте, смесата налејте ја во тавчето за печење и печете околу 50 минути.
- Кога ќе биде готово, со чепкалка направете повеќе дупчиња во пандишпанот и налејте 5 лажици од шерито одозгора врз пандишпанот. Оставете убаво да се впие и послужете ја тортата декорирана со шеќер во прав, останатото суво грозје, топка сладолед или шлаг, по ваша желба.
- Тортата може да ја направите до 3 дена порано и да ја чувате во херметички затворен сад во фрижидер до моментот на послужување.
На здравје!