Топ 20 фудбалски клубови по заработка од спонзорите на нивните дресови

 

Договорите што фудбалските клубови ги имаат со спонзорите за реклама на своите дресови, најчесто носат голема заработка.

Клубовите ширум Европа се во константна потрага по што е можно појак спонзор кој ќе го рекламираат.

Меѓу најголемите спонзори прикажани на фудбалските дресови во Европа се Emirates, Gazprom, Volkswagen и Etihad.

Неодамнешна студија која ги анализира европските фудбалски клубови и нивните спонзори, покажува дека најпрофитниот договор во моментов го има Manchester United со Chevrolet, од неверојатни 71,1 милион евра на годишно ниво.

На второ место е Real Madrid со Emirates со 70 милиони евра, а веднаш зад него е Barcelona со Rakuten, договор вреден 55 милиони евра.

Топ 20 листата на фудбалски клубови и договори со нивните спонзори изразени во милиони евра изгледа вака:

1. Manchester United (Chevrolet) – 71,1
2. Real Madrid (Emirates) – 70
3. Barcelona (Rakuten) – 55
4. Manchester City (Etihad) – 45,9
5. Bayern (T-Mobile) – 42
6. Chelsea (Yokohama) – 36,7
7. Liverpool (Standard Chartered) – 32,1
8. Arsenal (Emirates) – 31
9. Tottenham (AIA) – 28,7
10. PSG (Emirates) – 25
11. Schalke 04 (Gazprom) – 22
12. Wolfsburg (Volkswagen) – 20
13. Milan (Emirates) – 18,5
14. Sassuolo (Mapei) – 18
15. Borussia Dortmund (Evonik) – 17
16. Juventus (Jeep) – 17
17. Roma (Qatar Airways) – 15,2
18. Atletico Madrid (Plus500) – 12
19. West Ham (Betway) – 11,5
20. Inter (Pirelli) – 10

 

Копирањето на содржината е забрането!