Топ 11 највлијателни автомобили кои ја сменија автомобилската индустрија

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Ви ги претставуваме единаесетте највлијателни автомобили. Ова се автомобили што директно влијаеле на перцепцијата на автомобилската индустрија. Модели кои со своите новини од корен ја сменија автоиндустријата.

  • Benz Patent-Motorwagen

Првиот автомобил што воопшто влијаел на автомобилската индустрија и од коњски запреги како движечка сила преминал на мотор со внатрешно согорување е Benz Patent-Motorwagen. Имал место за два патника, три тркала и четиритактен мотор со еден цилиндар. Иако поврзаноста со денешните автомобили и технологија е многу мала, сепак замислата му е идентична.

  • Ford Т модел

Листата на највлијателни автомобили не би била комплетна без првиот модел кој се произведувал на подвижна лента. На таа лента го почнал производството на еден од најпродаваните 10 автомобили во историјата.

  • Cadilac Touring Edition

Со оглед на тоа дека до 1912 година автомобилите се стартувале исклучиво со курбла, претставувал голем ризик од повреди за неискусните возачи. Но Cadilac Touring Edition првпат го вовел во употреба електричниот начин на стартување на моторот.

  • Essex

Тоа е првиот модел на автомобил со комплетно затворена кабина.

  • Ford модел 18

Првиот автомобил каде е применет познатиот V8 мотор. Нешто без кое денешните топ автомобили не може да се замислат.

  • Buick Y-job

Првиот автомобил на кој се применети мноштво на технолошки новитети. Електрични подигнувачи на прозори, pop-up светла. И ова се работи без кои не можеме да ги замислиме денешните модерни автомобили.

  • Volkswagen Beetle

Бубата претставува автомобил на кој не може да му се оспори влијанието во автомобилската индустрија. Едноставен, сигурен и ефтин.

  • BMC Mini

Според изборот што е направен 1999 година само едно место го делело за да биде прогласен за автомобил на дваесеттиот век. Таа награда му припадна на прославениот Ford T. Со производство почнало 1959 година под капата на BMC, а под лиценца низ времињата го правеа и други производители.

  • Ford Mustang

Автомобил кој преставува икона дури и за оние кои баш и не ги интересираат автомобилите. Базирана на основата на Ford Falcon, но доработен за да ја добие познатата спортска црта. Под долгиот капак од моторот имало поставен мотор со 6 редно поставени цилиндри или познатиот V8 мотор. Било планирано да се произведат 100.000 автомобили, но поради огромната побарувачка во првата година произведени се четири пати повеќе.

  • Audi Ur-Quattro

Оригиналниот  Audi Quattro претставен е 1980 година на саемот во Женева. Иако не бил првиот автомобил сериски испорачуван со погон на сите 4 тркала, сепак тој успеал да се докаже на релијата на кој конкуренти му биле возила со погон на предните тркала. Неговото производство траело 11 години и за тоа време продадени се 11.500 примероци.

  • Toyota Prius

Првиот модел на Toyota Prius се појавил 1997 година и тоа е автомобил кој прв ја имал револуционерната идеја за автомобил со бензински мотор кој е комбиниран со мотор со електричен погон. Основата на денешната замисла за зелени автомобили.