Гастрономија

Топол зеленчук со лук

 

Потребни состојки:

450 г кељ, исчистен од дршките и искинат на крупни парчиња

2 лажици маслиново масло

1/4 чаша исечкани сушени домати во масло

5 чешниња ситно исечкан лук

2 лажици ситно исечкан свеж магдонос

1/4 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Кељот варете го во покриено тенџере во зовриена вода околу 10-15 минути или додека да омекне. Потоа извадете го од водата и исцедете го, а водата истурете ја.
  2. Во истото тенџере загрејте го маслиновото масло на средна температура, во него ставете ги доматите и лукот и пржете ги со мешање околу 1 минута. Додајте ги кељот, магдоносот и солта и стоплете сè заедно со повремено мешање. Послужете го зеленчукот додека е топол.

На здравје!

 

 

Слични написи

Супа со тортелини и спанаќ

Biba

Крем салата од брокула и сланина

Biba

Како да го исечете кромидот без солзи

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.