Потребни состојки:
60 г чоколадо
1/3 чаша шеќер
4 чаши млеко
1 прстофат сол
1/2 лажичка ванила
шлаг
Начин на подготовка:
- Чоколадото, шеќерот, млекото и солта ставете ги во тенџерче и загревајте на средна температура. Мешајте додека се стопи чоколадото и смесата убаво да се изедначи.
- Потоа додајте ја ванилата и повторно измешајте.
- Сипете го топлото чоколадо во 4 чаши и одозгора ставете шлаг. Врз шлагот по желба наросете цимет, какао или чоколадни трошки.
На здравје!