Гастрономија

Топло-ладно (лава колач)

 

Ако сте голем љубител на десерти, тогаш токму овој колач е вистинскиот избор за вас. Навистина лесен за приготвување, а резултатот е неверојатно вкусен. Рецептот потекнува од Франција и е сосема случаен, кога познатиот готвач Жак Торес, додека печел пандишпан за торта, случајно го извадил пред време и забележал дека внатрешноста на пандишпанот била во течна форма. Благодарение на неговата грешка, ние денес можеме да уживаме во овој прекрасен десерт.

Доза: 6 колачиња

Потребно време: 30 минути

Состојки:

200 г путер

200 г чоколадо за готвење

100 г шеќер

3 јајца

1 ванила

125 г бело брашно

Начин на приготвување:

  1. Вклучете ја рерната на 220 степени Целзиусови да се загрее.
  2. Чоколадото, путерот, шеќерот и ванилата се топат на пареа. Откако  смесата ќе се стопи, се трга од шпоретот и се остава една минута да се излади.
  3. Потоа се додаваат јајцата едно по едно и се матат со рачен миксер.
  4. На крај се додава брашното и убаво се меша додека се изедначи целата смеса.
  5. Може да користите керамички или пак модли од фолија. Истите треба да бидат премачкани со путер или маргарин за да не се залепат. Наполнетите модли ги ставате во загреаната рерна и ги печете од 8 до 10 минути.
  6. Откако ќе ги испечете оставете ги да се оладат неколку минути и префлете ги во чинија. Пред да ги сервирате може да ставите по една топка сладолед по ваш избор.
    Предност на овие колачиња е тоа што можете да ги смрзнете и во секое време да имате нешто вкусно со кое може да ги изненадите вашите гости.

На здравје!

 

Слични написи

Торта со шери, суво грозје и бадеми

Biba

Торта со јаболка и ореви

Biba

Топло чоколадо со Нутела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.