Потребни состојки:
700 г компири
300 г боранија
1 главица црвен кромид, исечкан
2 лажици свеж босилек, ситно исечкан
1/4 чаша (или помалку, по вкус) оцет балсамико
2 лажици сенф
2 лажици сок од лимон
1 чешне лук, ситно исечкано
3-4 лажици маслиново масло
сол и бибер
Начин на подготовка:
- Компирот сварете го и исечете го на четвртинки, а боранијата исчистете ја и обарете ја. Ставете ги заедно во поголем сад, додајте ги кромидот и босилекот, и зачинете со сол и бибер.
- Во помал сад измешајте ги заедно оцетот, сенфот, сокот од лимон, лукот и маслиновото масло. Овој прелив сипете го врз салатата и измешајте. Ако има потреба, додајте уште малку сол и бибер.
- Послужете ја салатата додека е топла како самостоен оброк, или како додаток на јадења со пилешко и со говедско месо.
На здравје!