Бугати ги произведе првите сопирачкии од титаниум изработени на 3Д принтер и со тоа ги заменија досегашните од кован алуминиум.
Bugatti Chiron е еден од наjскапите и најбогато опремените автомобили во светот и на тоа може да се додаде и најголемата и најјаката автомобилска сопирачка некогаш вградена во сериски автомобил. Во досегашните модели се користеше сопирачка од кован алуминиум која тежи 4,9 килограми. Новата која е од титаниум тежи само 2,9 килограми.
За производство на новата сопирачка потребни се 45 часа, а за изработката Д принтерот нанесува дури 2313 слоја на титаниумов прав.
За автомобил кој постигнува брзини и до 420 km/h сопирачката мора да помине низ серија на најстроги тестови. Тестирањето се врши во центарот за производство на посебни делови на Фолксваген, каде што сопирачките се изложуваат на екстремни оптоварувања.
На видеото може да го погледете целокупниот процес на тестирање.
https://youtu.be/hPkY8nBWxoU