Технологија

Телескопот Хабл направи фасцинантна фотографија на спирална галаксија

 

Фотографијата што ја објави НАСА, а е фотографирана од телескопот Хабл, претставува фотографија од спиралната галаксија со ознака NGC 2903. Оваа галаксија е дел од соѕвездието Лав, оддалечено 30 милиони светлосни години од Земјата. НАСА го искористи моќниот орбитален телескоп за да ја истражува споменатата галаксија заедно со уште 100 други галаксии во регијата.

Спиралните галаксии сочинуваат 75 % од вселената. Во шеесеттите години на минатиот век и Млечниот Пат е рекласифицирана во спирална галаксија со централен дел и спирални краци. Тие краци се полни со ѕвезди, како и вселенски прав и гасови.

Во моментов НАСА е концентрирана на истражување на црните дупки, а спиралните галаксии имаат црни дупки кои се често во центарот. Истражувањата на Хабл на спиралните галаксии имаат за цел истражување на врската на црните дупки и локалните галаксии.

 

Слични написи

Нова опција на Твитер

Biba

Џеф Безос го претстави концептот на лунарен лендер

Biba

Huawei го презентираше преклопувањето на новата генерација – Huawei Mate Xs

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.