Убавина

Тајните на добрата маскара

Најчестите прашања поврзани со користењето маскара:

  • Каква маскара да одберам? Ако имате светла коса, одлучете се за кафеава, а ако имате темна, изберете црна. Водоотпорната маскара дефинитивно трае долго, но лицата со слаби трепки треба да внимаваат, бидејќи таквите маскари може да доведат до сушење на трепките. Наместо тоа, одберете маскара која е водоотпорна, но може да се измие со сапун и вода.
  • Како да избегнам размачкување и ефект на „пајакови очи“? Ако ви се разлева маскарата, не ставајте на долните трепки. Наместо тоа, со стапче за уши на нив нанесете малку темна сенка.
  • Дали е вистина дека од маскарата паѓаат трепките? Ни цела кофа маскара нема да ви ги „оќелави“ трепките. Ако ја вадите маскарата невнимателно може да паднат неколку трепки. Затоа користете специјални производи за вадење на водоотпорната маскара. 
  • Може ли да носам маскара во боја без да изгледам како кловн? Дефинитивно, но важно е да ја изберете вистинската комбинација. Ако имате зелени очи не значи дека маскарата мора да биде во иста боја. На зеленооките одлично им стои црвената боја, бронзената боја ги разубавува сините очи, а костенливите очи ќе изгледаат заводливо со темносина маскара.

Related posts

Пет правила на Марија Антоанета за убавина кои важат и денес

Biba

Освежете го својот дом со пет природни состојки

admin

Погледнете необични парчиња облека кои со дизајнот имитираат инсекти, птици и растенија

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.