Психологија

Татковците можат да влијаат на менталниот развој на бебињата

 

Со самото раѓање и доење, мајката станува биолошки најзначајна за бебето. Сепак, тоа не значи дека татковците не треба да имаат активна улога во неговото одгледување.

Во Британија е спроведено истражување кое довело до заклучок дека и таткото има големо влијание на развојот на бебето. Татковците што активно поминувале време со своето дете во првите три месеци од неговиот живот, довеле до зголемување на когнитивните способности на детето, за разлика од децата што немале контакт со својот татко или таткото не поминувал доволно време со детето.

Британските истражувачи следеле 128 татковци кои имале постојана интеракција со своето дете во првите три месеци. Во меѓупериодот од следењето, истражувачите го мереле нивниот развој и било утврдено дека децата на поангажираните татковци, кои биле вклучени во игрите, подобро размислувале и им биле развиени и други вештини, за разлика од другите деца.

Полот на децата во истражувањето не бил важен.

 

Слични написи

Лошите односи со врсниците во училиште, предизвикуваат здравствени проблеми подоцна во животот

Biba

Техники со кои искусните лажговци ги прикриваат своите лаги

Biba

„Не сакав да го завршам животот, сакав само да прекине болката…“ 

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.