Забава

Талентираната пливачка ја прекина кариерата и почна да снима филмови за возрасни

Мику Коџима (22), поранешна ѕвезда во подем на јапонското пливање, реши да го промени животот и да стане порноактерка.

По двата олимписки бронзени медали и двата светски златни и бронзени медали на јуниорско ниво, младата пливачка реши да тргне по друг пат.

Благодарение на успехот кој го постигна појавувајќи се на провокативни фотографии во костим за капење, Јапонката сфати дека сака да се занимава со нешто друго и со псевдонимот Саки Шинкаи влезе во светот на порнографијата.

„Почнав да гледам наоколу и открив дека еден од моите контакти на социјалните мрежи е активен во индустријата за видеa за возрасни. Тоа ме заинтересира и погледнав неколку. На почетокот имав негативно чувство, но тоа е интересна професија и решив да се обидам“, објасни Коџима.

Нејзиниот прв филм во „главна“ улога излезе во февруари, а јасно е дека деновите во базен за неа се минато.

Можеби ќе ве интересира

Експертите советуваат како да ги зачувате парите од крадци на патувањата

Biba

Тајландската плажа од филмот “The Beach” со Леонардо Ди Каприо ќе остане затворена за туристи до 2021 година

Biba

Маратонец со трчање создава сложени уметнички дела

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.