Во коските се складирани околу 95 % од калциумот на телото. Коските во текот на животот се кршат и повторно се обновуваат, а заради недостаток на калциум и фосфор можат да омекнат, поради што настануваат деформации и тешкотии при движењето.
Затоа е многу важно во организмот да внесеме доволно храна која ќе се погрижи нашите коски да останат цврсти и здрави.
Спанаќ. Најдобра храна за здрави коски. Богат е со витамин К, магнезиум и калциум, а содржи многу малку калории.
Бразилски ореви. Полни се со магнезиум и протеини, одличен извор на селен и делуваат како силен антиоскидант.
Брокула. Содржи многу витамин К, магнезиум, калциум и витамин Ц кој е потребен за апсорпција на калциумот. Може да се јаде и зготвена и сирова.
Семки од тиква. Цинкот, магнезиумот и витаминот К во семките од тиква, помагаат да се одржи минералната густина на коските.
Бадеми. Освен што се полни со магнезиум, бадемите се и одличен извор на протеини. Една шака бадеми содржи иста количина калциум како и мала чаша млеко.
Млеко. Содржи сè што им е потребно на коските: калциум, магнезиум и протеини.
Грав. Најмногу магнезиум и калциум имаат кафеавиот и црниот грав.