Гастрономија

Супербрзо фокача лепче

 

Потребни состојки:

4 чаши брашно

2 лажички сол

2 1/2 лажички сув квасец

2 чаши топла вода

1 лажичка путер

4 лажици маслиново масло

италијански зачин (или други зачини по ваш избор)

крупна морска сол

Начин на подготовка:

  1. Во поголем длабок сад ставете ги брашното, солта и квасецот, и добро измешајте. Додајте ја водата и со цврста дрвена лажица измешајте го тестото да добиете еднолична смеса. Покријте го садот со пластична фолија и чувајте го фрижидер најмалку 8 часа (меѓу 8 и 24 часа).
  2. Тавата во која ќе го печете лебот намастете ја со путер, ставете хартија за печење и намастете ја и хартијата. Најдобро е да се пече во две округли тави со димензија 22 см. Тестото поделете го на две половини, секоја половина ставете ја во тава, намачкајте го тестото со маслиново масло и покријте го со пластична фолија. Оставете го да остои барем два часа надвор од фрижидер пред печењето.
  3. Рерната загрејте ја на 230 степени Целзиусови. Уште еднаш премачкајте го тестото со маслиново масло и со мрсни прсти со двете раце направете длабоки дупчиња во него. Наросете крупна морска сол и зачини по ваш вкус, на пример: рузмарин, мајчина душичка, жалфија, магдонос, мешавина од италијански зачини и друго, или семиња: сусам, ленено семе, семки од сончоглед…
  4. Ставете ја тавата во рерна и намалете ја температурата на 220 степени Целзиусови. Печете го лебот 20-30 минути или додека кората да добие златножолта боја. Сервирајте го додека е уште топол или откако ќе се олади.

На здравје!

 

Слични написи

Кремасти пилешки крокети

Biba

Брзо непечено чоколадно колаче

Biba

Алкохолен десерт: Направете розеви гумени бонбони

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.