Супербрза мексиканска чорба со пилешко месо

 

Потребни состојки:

2 лажици маслиново масло

450 г пилешко месо од копан и наткопан, исчистено од коските и кожата

1 лажица тако зачин

1 чаша смрзната пченка

1 чаша салца

950-1000 мл пилешки бујон

Начин на подготовка:

  1. Во длабоко тавче загрејте го маслиновото масло на средна температура. Месото исечкано на крупни парчиња (околу 2 см) ставете го во тавата, и со мешање пржете го околу 7-8 минути додека да ја изгуби розевата боја. Додајте го тако зачинот и измешајте.
  2. Додајте ги салцата, пченката и пилешкиот бујон, и откако чорбата ќе зоврие намалете ја температурата и гответе околу 5 минути додека да се сварат пченката и месото. Ако сакате погуста чорба, може да додадете сварен и испасиран грав.
  3. Супата послужете ја топла, декорирана со чипс, тркалца млад кромид или сечкан магдонос.

На здравје!

 

Забрането е копирање на текстот!