Супа со тортелини и спанаќ

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Потребни состојки:

300 гр сецкан спанаќ (може и смрзнат)

1 сецкан морков

1/2 патлиџан исечен на парчиња

450 мл пилешки бујон

250 гр тортелини со сирење

1/4 лажица сув босилек

1/4 лажица ситно сецкан лук

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на шпорет ставете го пилешкиот бујон, спанаќот, морковот и патлиџанот. Загревајте ја супата додека да проврие, потоа намалете ја температурата.
  2. Додајте ги тортелините и варете на тивко 10-15 минути или додека да се сварат.
  3. Зачинете со босилек, лук, сол и бибер.
  4. Послужете ја супата додека е топла.

На здравје!